Црногорски бизнисмен сака да ја купи Montenegro Airlines за едно евро

143

Групацијата Savana достави писмо со намери до Владата на Црна Гора за купување, односно преземање на Montenegro Airlines, пишува Bankar.me.

Групацијата Savana е во сопственост на црногорскиот бизнисмен Веселин Мијаќ, кој со децении живее во Шведска. Savana инвестираше над 50 милиони евра во Црна Гора во последните пет години и е призната по своите бројни филантропски и хуманитарни активности во Шведска и Црна Гора.

Во писмото кое на увид го има Bankar.me, презентирана е намерата на групацијата Savana да го преземе Montenegro Airlines за едно евро, со услов за отпис на сите обврски што компанијата ги има кон државата.

Исто така, беше наведено дека Savana ќе преземе обврска за договор со приватните доверители на Montenegro Airlines со цел да ги подмири долговите, како и одговорноста и ризиците за идното работење на компанијата.

Како причини за оваа одлука, групацијата Savana го наведува фактот дека Црна Гора мора да има своја национална авиокомпанија.

Во исто време, тие наведоа дека аргументите зошто компанијата не треба да се затвора не биле соодветно објаснети.

Фото: Pixabay