Црногорски изум – нараквица што ја менува бојата ако лицето покачи температура

97

Во рамките на проектот на Електротехничкиот факултет во Црна Гора насловен 3DP истражување и иновации за Ковид-19 (3DPRI-COVID19), црногорските научници дизајнираа нараквица со насликана црногорска мапа што ќе ја смени бојата на картата доколку лицето што ја носи има температура.

До крајот на годината, докторката на проектот, доктор д-р Милена Ѓукановиќ, изјави за Дневна новине, дека таа ќе го заврши вториот дел од истражувањето и ќе понуди решение за заштеда на материјал при 3Д печатење.

“Нашите колеги и партнери од Универзитетот Врије во Брисел, кои се автори на еден патент за маска за Ковид-19, се многу задоволни и полни со пофалби за нашето откритие. Во блиска иднина очекуваме вредни публикации на нашите научни резултати, но и комерцијализација на овој повеќе од корисен 3Д-печатен производ којшто е брендиран во Црна Гора“, најави Ѓукановиќ.

Министерството за наука на Црна Гора го финансирал овој проект со 38.500 евра.

Фото: CDM