Црви би можеле да го решат глобалниот проблем со пластиката

54

Фото: Pexels

Црвот, којшто како паразит живее во пчелните кошници, би можел да го реши глобалниот проблем со пластиката, стои на официјалната страница на Универзитетот Кембриџ.

До ова случајно откритие дошла Федерика Беточини, пчелар – аматер, која ги отстранувала овие паразити од сандаците со пчели. Таа црвите привремено ги ставила во обична пластична ќеса, којашто за кратко време била целата исполнета со дупки.

Тим од истражувачи успеале да направат експеримент со којшто околу сто вакви црви биле поставени на пластична ќеса. Првите дупки биле забележани по само 40 минути, а по 12 часа масата на ќесата била намалена за 92 грама.

Според научниците, стапката на деградација е екстремно поголема во споредба со некои претходни истражувања во коишто се користени бактерии за разградување.

На пластиката ѝ се неопходни од 100 до 400 години за разградување во депонија.