Цукерберг го загуби најблискиот соработник: Жената што го создаде Фејсбук со него поднесе оставка

210

Шерил Сендберг поднесе оставка како главен оперативен директор на Мета, порано позната како Фејсбук, објави CNBC.

Сендберг му се придружи на Facebook во 2008 година како втор човек на компанијата, веднаш зад основачот Марк Цукерберг, и помогна Фејсбук да стане моќен огласувач и една од најмоќните компании во светот на технологијата, со приход до 1 милијарда долари.

Неа оваа есен ќе ја замени Хавиер Оливан, актуелниот директор задолжен за развој. Шерил Сандберг ќе продолжи да биде активна во бордот на директори.

Пред Фејсбук работеше во администрацијата на Клинтон, во Министерството за финансии, а потоа во 2001 година се приклучи на Гугл. Пред седум години ненадејно почина нејзиниот сопруг Дејв Голдберг.

„Тоа е одлука што не ја донесов лесно, но поминаа 14 години“, рече Сандберг денес, објаснувајќи дека причината е нејзината желба да се посвети на својата фондација и филантропија:

„Сакам да направам повеќе простор за да работам повеќе филантропски, да направам повеќе со мојата фондација„.