Цукерберг најави големи отпуштања

78

„Да бидеме реални, сигурно има многу луѓе во компанијата кои не треба да бидат тука“, изјави пред неколку дена Марк Цукерберг. Обраќајќи им се на своите вработени на неделната сесија Прашање и одговор, сопственикот на компанијата Мета најави нови случувања во бизнисот.

Цукерберг и новитети

Она што е ново и официјално сега е дека на Мета нема да му требаат инженери во бројката планирана за 2022. Од планираните 10.000, Цукерберг и неговите директори ќе го намалат бројот на инженери на 6.000 до 7.000 вработени. Во ова обраќање сопственикот најави дополнителни рестриктивни мерки со образложение дека „доаѓаат тешки времиња“.

„Би се обложил дека ова сега е еден од најлошите падови во поновата историја“, додаде Цукерберг, продолжувајќи:

„Се надевам дека овие поагресивни цели и планови ќе бидат ваш избор и дека некои од вас ќе одлучат дека ова место не е за вас.

Дали оваа одлука на еден од највлијателните бизнисмени на денешницата е само слика во склад со глобалната рецесија?

Или ова е откривање на голем проблем што може сериозно да го наруши имиџот и угледот на компанија како Мета?

Се бара суровост

Еден од директорите на Цукерберг, Крис Кокс, ги додаде своите објаснувања за најавените мерки:

„Компанијата треба побезмилосно да поставува приоритети и да работи со пофлексибилни, построги и подобри тимови. Морам да нагласам дека овие времиња се сериозни, тешки, а ветровите се жестоки. Треба да работиме беспрекорно во средина која расте побавно и каде тимовите не треба да очекуваат огромен прилив на инженери и буџети“.