Цукерберг не е повеќе меѓу дестте најбогати луѓе во светот

Главниот извршен директор на американската компанија Мета, Марк Цукерберг, повеќе не е на листата на 10-те најбогати луѓе во светот што ја објавува магазинот Форбс.

Неговото богатство  сега се проценува на 84,8 милијарди долари.

Тој сега е на 12. место на листата на милијардери на Форбс, бидејќи акциите на компанијата Мета забележаа рекорден еднодневен пад во четвртокот, по разочарувачката прогноза за приходите за третиот квартал.

Цукерберг поседува околу 12,8 отсто од оваа технолошка компанија, порано позната како Facebook.

Неговиот еднодневен пад на богатството е меѓу најголемите досега, веднаш зад сопственикот на Teсла, Илон Маск, која изгуби 35 милијарди долари за еден ден минатиот ноември.