Мета платформи ќе почнат да отпуштаат вработени од денеска, објави извршниот директор Марк Цукерберг пред стотици директори, пишува Wall Street Journal (WSJ).
Според њујоршкиот весник, се очекува да бидат отпуштени илјадници вработени, што ќе биде најголемото отпуштање во технолошкиот сектор оваа година, пренесува Ројтерс.
Весникот додава, повикувајќи се на извори, дека Цукерберг се појавил вознемирен на состанокот и рекол дека е одговорен за погрешните чекори на компанијата.
Тој рече дека неговиот оптимизам за раст довел до превработеност.
Компанијата има повеќе од 87.000 вработени
Лори Голер, менаџер за човечки ресурси на Мета, рече дека вработените кои ќе останат без работа ќе добијат најмалку четири месеци плата во вид на отпремнина.
Според податоците на Мета, компанијата на крајот на септември имала повеќе од 87.000 вработени.
Најновите случувања доаѓаат откако Twitter отпушти половина од својата работна сила низ тимовите.
Блумберг во неделата објави дека Twitter контактирал со десетици вработени кои останале без работа, барајќи од нив да се вратат.











