Цвеќар од Ниш преку Instagram доби работа во кралската палата во Кувајт

351

Бен Салден од Кувајт и Небојша Филиповиќ од Ниш биле пријатели на социјалните мрежи пред да станат пријатели во реалниот живот. Пред помалку од една година, Салден сфатил дека сака да соработува со Филиповиќ и го контактирал, пишува Juzne vesti.

“Едноставно ме праша, опишувајќи ја мојата идна работа како работа во опуштена атмосфера, со фини луѓе од аристократскиот слој на една земја, дали би сакал да се приклучам кон неговиот тим“, раскажува Филиповиќ, додавајќи дека преку Instagram профилот на неговата цвеќарница, бил забележан од кралското семејство во Кувајт, каде што сега прави цветни аранжмани.

После неколку дена размислување, Филиповиќ прифатил да замине во Кувајт на 10 дена. Во мај минатата година за прв пат заминал за Кувајт. Првиот впечаток му биле високите температури, а кога станува збор за работата, земјата била “вистински цвеќарски рај“.

Фото: Pexels