
ТТК Банка АД Скопје на 18.12.2024 година ја исплати главницата и каматата на сопствениците на корпоративни обврзници – прва емисија со ISIN MKTTKS200012 и шифра TTKO.
Пресметката на главницата и на 3-месечната камата е извршена по фиксна каматна стапка од 3,5% на годишно ниво. Право на исплата на камата имаа сите лица регистрирани во книгата на иматели на корпоративна обврзница – прва емисија во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје заклучно со 17.12.2024 година.
Во септември 2019 година ТТК Банка АД Скопје ја издаде првата емисија на корпоративни обврзници од коишто за кратко време се запишаа и уплатија 100% од понудените 1.500 обврзници по номинална вредност од 1.000 евра, со рок на доспевање од пет години и 3 месеци, а во вкупна вредност од 1.500.000 евра, и фиксна каматна стапка од 3,5 % на годишно ниво.