TTK Банка АД Скопје ја исплати првата годишна камата на сопствениците на корпоративни обврзници – трета емисија

ТТК Банка АД Скопје на 18.09.2026 година ја исплати првата годишна камата на сопствениците на корпоративни обврзници – трета емисија со ISIN MKTTKS200038 и шифра TTKO3. Пресметката на камата е извршена по фиксна каматна стапка од 5,00% на годишно ниво. Право на исплата на камата имаа сите лица регистрирани во книгата на иматели на корпоративна обврзница – трета емисија во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје заклучно со 17.09.2026 година.

Во септември 2025 година ТТК Банка АД Скопје ја издаде третата емисија на корпоративни обврзници од коишто за кратко време се запишаа и уплатија 100% од понудените 1.000 обврзници по номинална вредност од 1.000 евра, со рок на доспевање од шест години, а во вкупна вредност од 1.000.000 евра и фиксна каматна стапка од 5,00% на годишно ниво.