
ТТК Банка АД Скопје известува дека денеска ќе изврши предвремена исплата на пензијата.
Пензионерите кои користат Visa или Mastercard® дебитна картичка пензијата ќе можат да ја подигнат преку мрежата на банкомати на ТТК Банка или да ја користат за плаќање во трговската мрежа.
Пензионерите кои не поседуваат дебитни картички, пензијата ќе можат да ја подигнат во експозитурите и филијалите на Банката.
Од ТТК Банка апелираат до нвните корисници да изберат едноставен, брз и сигурен начин за располагање со пензијата, безготовински преку интернет банкарство TTK E-bank, со мобилната апликација TTK M-bank или со користење на платежните картички за плаќање во трговската мрежа.












