
Акциите на компанијата Tupperware паднаа за 50 отсто по предупредувањата дека иднината на компанијата не е најсветла.
Челниците на овој познат производител на садови велат дека постојат основани сомнежи дека компанијата ќе продолжи да расте и затоа со финансиски советници работат на изнаоѓање начин за излез од кризата.
Од компанијата велат дека нема да имаат доволно пари да финансираат се што е потребно, доколку не обезбедат дополнителни финансии. Исто така, во оваа позната компанија велат дека размислуваат за потенцијални отпуштања за да заштедат пари.
Tupperware работи 77 години, а во последниве години се бореше да опстане под голема конкуренција. Иако се обидуваат да го променат имиџот и да станат привлечни за помладите со нови, интересни производи, не успеваат.
Еден од обидите да ги доближат своите производи до помладите е договорот што го направија со Таргет за продажба на популарни кутии во нивните синџири, како и проширување на малопродажната мрежа за да бидат достапни за младите луѓе кои никогаш не слушнале за познатите „ Tupperware забави“ на кои се продаваа овие тогаш револуционерни производи.
Неколку работи го ставаат Tuuperware во оваа ситуација. Прво, драстичниот пад на продажбата на нивните производи, фактот што потрошувачите ја намалуваат сумата на пари што ја трошат на овој вид производи и неможноста на брендот да се поврзе со помладите клиенти.
Интересно е што оваа компанија некогаш беше вистински хит со кујнски помагала кои го решаваат секој проблем, но, според експертите, ја изгубила иновативноста.
Tupperware (TUP) рече дека влегувањето во Target е дел од реинвенцијата на брендот, што вклучува планови за развој на бизнисот преку повеќе канали за малопродажба и да ги стави своите производи пред помладите потрошувачи кои никогаш не ни слушнале за забави на Tupperware (TUP).
Фото: Facebook











