Tурбулентно на пазарот на криптовалути

52

Пазарната капитализација на криптовалутите е зголемена за 5,8 отсто на 2,75 трилиони долари во последните 24 часа, покажуваат податоците на веб-страницата Коингеко.

Биткоинот само во изминатите 24 часа ја зголеми својата вредност за 3,5 отсто и моментално се тргува по цена од 61.312 долари.

Етереумот во истиот интервал забележа подрастичен скок од 7,5 отсто и се тргува за 4.334 долари.