Турската компанија Глобал Портс од Истанбул понуди 7,1 милиони евра за мнозинскиот пакет акции на Контејнерски терминал на пристаништето Бар (КТГТ).
Понудата на оваа турска компанија за 62,1% акции била единствената доставена понуда, соопшти Тендерската комисија за приватизација на владата на Црна Гора.
Глобал Портс понудил и реализација на инвестициска програма во која е вклучено вложување во изградба на инфраструктура во износ од два милиони евра и вложување во потребна опрема во износ од 11,5 милиони евра во период од три години.
Глобал Портс е единствена група и оператор со пристаништа во Турција. Во моментов управува со три водечки комерцијални и крузинг пристаништа, од кои едно се занимава со контејнерски терминал.
Владата на Црна Гора претходно одлучи да го приватизира КТГТ, односно да ги продаде државните акции во компанијата и да одобри концесија за користење на пристаништето Бар, за да се развие овој сектор и да се произведат дополнителни економски активности.