Турција: Баби што чуваат внуци ќе добиваат околу 113 долари месечно

24

baba-i-vnuka

Бабите што ги чуваат своите внуци, додека нивните родители се на работа, ќе добијат месечна финансиска поддршка од околу 113 долари, пишува Хуријет.

Почнувајќи од март, 6.000 семејства од десет турски провинции ќе добиваат месечен надоместок за тоа што ќе се грижат за внуците.

“Ние ќе понудиме 30% од минималната плата во земјата, или 425 лири (113 долари), на бабите што се грижат за нивните внуци. Околу 1.000 семејства од Истанбул, Измир и северозападните провинции во Бурса ќе бидат вклучени во проектот во неговата прва фаза, како и 500 семејства од Анкара, Кајсери, Сакарја, Анталија, Кониа, Газиантеп и Текирдаг ќе бидат, исто така, дел од проектот“, изјави турскиот министер за труд, Мехмет Муезиноглу.

Пилот проектот ќе трае една година, а предвидено е да чини околу 1,5 милиони долари. Половина од тој износ ќе го покрие Агенцијата за вработување на Турција, додека другата половина Министерството за труд.

Во проектот ќе бидат вклучени семејства чии месечни примања се пониски од три просечни месечни плати во земјата.

Главни цели на овој проект се зголемување на вработеноста кај жените и зајакнување на семејните врски преку поголема интеракција меѓу постарите и помладите.