Турција бележи дефицит десетти месец по ред

Турција десетти месец по ред бележи дефицит на тековната сметка, откако трговскиот биланс беше погоден од глобалниот раст на цените на енергенсите.

Дефицитот се зголеми на 3,1 милијарди долари во август, во споредба со суфицитот од 1,1 милијарда долари во истиот месец минатата година, објави во вторникот турската централна банка. Дефицитот за првите осум месеци од годинава достигна 39,7 милијарди долари.

Приходите од туризмот биле 5,1 милијарди долари, а услужниот сектор остварил суфицит од 7,2 милијарди долари. Пристигнувањата на странски туристи се зголемени за 58 отсто во август на годишно ниво, пишува Блумберг.