Турција до крајот на годината ќе достигне двоцифрени бројки на економски раст

26

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека верува дека Турција ќе достигне двоцифрени бројки за економски раст до крајот на годината, јавува Anadolu Agency (AA).

„Иако меѓународните агенции проценуваат раст од девет отсто, ние веруваме дека до крајот на годината ќе достигнеме двоцифрени бројки за економски раст“, ​​рече Ердоган во видео пораката по повод самитот „Турција 2023“,  што е во организација на Туркуваз Медиа.

Тој нагласи дека Турција во изминатиот период дала силна поддршка и поттик за да помогне во отворањето нови фабрики во земјата.

„Исто така, нашата земја оствари раст од 1,8 отсто во 2020 година и го продолжи нагорниот тренд со остварување стапки на раст од 7,2 отсто и 21,7 отсто во првите два квартали од оваа година. Соборивме важен рекорд во извозот, надминувајќи го нивото од 212 милијарди долари за прв пат во историјата“, рече Ердоган. Тој нагласи дека турските власти ќе продолжат да ги вложуваат неопходните напори за да обезбедат земјата да продолжи да расте и да напредува во наредните години.

„Ќе продолжиме со напредокот во Турција врз основа на производството, извозот, инвестициите и вработувањето, игнорирајќи ги оние кои повикуваат на катастрофа“, рече тој. Тој додаде дека Турција ги презема сите неопходни мерки за адекватен одговор на последиците предизвикани од пандемијата на коронавирус.