
Централната банка на Турција (TCMB) ја намали референтната каматна стапка трет пат по ред, од 40,5 проценти на 39,5 проценти, но со побавно темпо отколку во претходните месеци поради инфлацијата и политичките тензии во земјата.
Одлуката, која беше во согласност со очекувањата на аналитичарите на „Блумберг“, потврдува дека креаторите на монетарната политика се префрлаат на повнимателен пристап по големото намалување на каматната стапка од 250 базични поени во септември.
Во соопштението, Централната банка задржа претпазлив тон и изјави дека ризиците поврзани со движењето на цените на храната и инфлаторните очекувања „сè уште се присутни“.
Фото: Pixabay











