Турција го организира првото халал крстарење

58

n_86468_1Fusion Tour, тур оператор со седиште во Анталија за прв пат лансираше крстарење според халал стандардите со што се очекува да се прошири овој вид на туризмот, којшто е моментално тренд во Турција и регионот, јавува Хуријет.

На бродот, што ќе тргне во септември до островите во соседна Грција нема да се служи алкохол, производи со свинско месо и нема да биде дозволено коцкање од било каков вид.

Сè ќе биде во согласност со стандарите на халал, вклучувајќи одвоени спортски центри, посебни спа центри и бањи за мажи и жени, како и мали соби за молитва.

Бројот на халал хотели и турустички агенции од ваков тип во последните 15 години забележува пораст. Но сепак, недостасуваше халал крстарење.

Крстарењето е со тема On the track of the Ottomans (На патеката на Турците), а бродот ќе тргне од пристаништето во Измир на 27-ми следниот месец и ќе ги носи патниците до Родос и Крит во Грција.