Турција гради соларна централа со големина од 4.600 фудбалски игралишта

116

Турција е позната како една од најповолните земји во Европа кога станува збор за соларната енергија.
Затоа земјата следната година ќе добие соларен парк, кој за споредба ќе изнесува колку од 4.600 фудбалски игралишта.

Благодарение на овој гигантски проект, над два милиони домаќинства ќе се снабдуваат со зелена енергија, а годишно во атмосферата ќе се испуштаат 1,5 милиони тони помалку јаглерод диоксид.

Сончевиот парк со моќност од 1,35 GW ќе се наоѓа во турскиот град Карапинар во Централна Анадолија, а според најавите планот ќе заврши кон крајот на 2022 година. Проектот е дел од првиот турски тендер за соларна енергија „YEKA“, што го лансираше турското Министерство за енергетика како дел од програмата за развој на обновливите извори на енергија.

Благодарение на овој проект, Турција ќе продолжи да ги проширува обновливите извори на енергија и ќе пушти во употреба 10 GW соларен капацитет помеѓу 2017 и 2027 година. По изградбата на соларниот парк Карапинар, учеството на сончевата енергија во вкупното производство на електрична енергија во Турција ќе се зголеми за 20 отсто.

Почеток на изградбата се најавува на пролет следната година, додека годишните приходи ќе изнесуваат околу 1,2 милиони евра. Обединетото Кралство одобри заем од 255 милиони евра за изградба на електраната во Турција.

Според британската влада, средствата што ќе се инвестираат во соларниот парк во Турција, се најголемите средства што Британија досега ги одвоила за соларна енергија. Одлуката за финансирање на соларната централа следи по Конференцијата за климата на ОН, COP26, каде што Британија вети дека ќе обезбеди голема поддршка во глобалната енергетска транзиција.