Турција: Имаме инфраструктура за меѓународен гасен центар

15

Турција ја има целата потребна инфраструктура за изградба на меѓународен гасен центар на своја територија, изјави советникот на турскиот претседател Ибрахим Калин.
„Ова е многу важен предлог за Турција. Нашата инфраструктура е подготвена за тоа. Можно е да се снабдува Европа со гас преку главниот крак на ТАНАП (Трансанадолски гасовод) паралелно со рускиот гас. Ако се прошири капацитетот на тој гасовод, тоа ќе биде многу значајно за Европа. Можно е да се испорача гас и преку Медитеранот“, изјави Калин за турските медиуми, а пренесува Тас с.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави претходно дека меѓународен гасен центар на територијата на Турција ќе биде изграден што е можно поскоро и дека најповолен регион за тоа е Тракија, јави агенцијата Танјуг.

Ројтерс минатата недела објави дека Ердоган му наредил на Министерството за енергетика да започне со изградба на гасен центар во Турција по разговорите со рускиот претседател Владимир Путин.