Турција ја претстави својата национална вселенска програма. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во своето обраќање изрази надеж дека успешно ќе биде реализирана целта којашто Турција ќе ја доведе до повисок ранг во глобалната вселенска трка.
Тој информираше дека за 18 години обезбедиле 2,1 милијарди лири (245 милиони евра) за 56 проекти поврзани за сателити, вселената, лансирани системи и вселенска опрема.
Целта на Турција е пристап до вселената и основање вселенска станица, пренесе Анадолија.
Националната вселенска програма е подготвена од страна на Вселенската агенција на Турција, под водство на Министерството за индустрија и технологија на оваа земја.
Фото: Pixabay