Турција ја зајакна контролата врз девизниот пазар

87

Турција ја зајакнува контролата на девизниот пазар во услови на депрецијација на лирата, а локалните власти ги следат инвеститорите кои купуваат големи количини девизи и бараат од банките да ги обесхрабрат клиентите да го користат спот-пазарот за хеџ-зделки во обид да се спречи обезвреднувањето на турската валута, објави Блумберг.

Централната банка побара од банкарските институции да ја информираат за големи купувања во долари кои би можеле да имаат негативен ефект на пазарот, велат извори запознаени со ова прашање, кои побараа анонимност бидејќи информациите не се јавно достапни.

Властите, исто така, побараа од банките да ги советуваат своите корпоративни клиенти, кои сакаат да „хеџираат“ потенцијална депрецијација на лирата, да го користат пазарот на фјучерси. Централната банка одби да коментира.

Лирата поевтини во однос на доларот за повеќе од 20 отсто во последните недели.

Централната банка на Турција ја намали основната стапка за 500 базични поени од септември во серија акции поттикнати од Ердоган, кој ги критикуваше зголемените трошоци за задолжување како деловен предизвик и кочница за економскиот раст. Намалувањата ја доведоа лирата до предвремен пад, поттикнувајќи ги зголемените потрошувачки цени.

Турската инфлација во декември се искачи на највисоко ниво во последните 19 години, достигнувајќи повеќе од 36 отсто.