Турскиот совет за истрага на финансиски криминал (MASAK), кој служи како турска единица за финасиско разузнавање на Турција под Министерстовот за финансии изрече казна од осум милиони турски лири (750.000 долари) на платформата за криптовалути Binance поради кршење на новите регулативи во земјата.
Ова е прва парична казна во оваа област наметната од турските власти.
Претходно оваа година, Турција воведе нови закони за платформи за криптовалути.
Тие наведуваат дека платформите треба да ги следат информациите за потрошувачите и другите детали, а тоа се гледа како чекор поврзан со даночната регулатива на дигиталните валути и насочен кон спречување на перење пари.
Советот за истрага на финансиски криминал ја изрече казната откако платформата за криптовалути, наводно, не ги обезбедила бараните информации и затоа не го почитувала законот.











