Турција ќе гради Истанбулски канал што би чинел околу 10 милијарди долари

114

Турскиот министер за заштита на околината и урбан развој, Мурат Курум најави одобрување на планот за изградба на Истанбулски канал, нова пловна артерија што би ги поврзало Црното и Мраморното море.

“Одобривме план за изградба на Истанбулски канал откако ги изанализиравме сите барања и приговори. Во тој контекст брзо ќе преземеме чекори за да бидеме сигурни дека каналот ќе му служи на нашиот град“, напиша Курум на Twitter.

Турција планира да почне изградба на кон канал во должина од 51 километар уште во 2018 година. Тогаш било планирано да се заврши во 2023 година, а би чинел околу 10 милијарди долари.

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган во повеќе наврати рекол дека ќе се одржи натпревар за изградба на Истанбулски канал, што ќе се движи паралелно со Босфор.

Проектот за изградба на новиот канал 100 километри западно од Истанбул првпат го најави Ердоган во 2011 годна.

Се претпоставува дека по новиот канал ќе се движат околу 160 бродови дневно, вклучувајќи и танкери со носивост до 300.000 тони.

Низ Босфор годишно поминуваат по 53.000 бродови.

Фото: Pexels