Турција ќе почне со производство на првиот 100% домашен автомобил

104

avtomobil-vnatre-pixabay

Фото: Pixabay

Турција претстави заедничка инвестиција на пет домашни индустриски гиганти за да го произведат првиот автомобил, пишува Хуријет.

Компаниите Anadolu Group, BMC, Kıraça Holding, Turkcell и Zorlu Holding ќе ги здружат своите сили за да го произведат првиот автомобил целосно произведен во Турција.

“Големите автомобилски гиганти се натпреваруваат меѓу себе со новите генерации на автомобили. Сега е вистинско време за првиот турски автомобил. Ќе работиме напорно три или четири месеци за да направиме анализа на алтернативните технологии и можностите за финансирање“, изјави Рифат Хисарчиоглу, претседател на Сојузот на стопански комори на Турција, додавајќи дека сега е вистинско време за 100% турски автомобил.

Компаниите Anadolu, BMC и Kıraça веќе се директно вклучени во производство на автомобили, додека Turkcell, најголемиот мобилен оператор во земјата, во овој проект ќе понуди технолошка поддршка.

Иако Турција нема домашен бренд на автомобили, земјата е главен производител за повеќе европски автомобилски гиганти. Во земјата се активни автомобилските компании: Ford Otosan, заедничка инвестиција меѓу Ford Motors и турски Koç Holding, фабриката Tofaş – заедничка инвестиција на Fiat и Koç Holding, како и Oyak – Renault, инвестиција на Oyak и францускиот производител на автомобили Renault и други.

Во периодот од јануари до октомври оваа година, во Турција се продадени 719.095 комерцијални возила, а во исто време се продадени и 3.252 хибридни автомобили.