Турција ќе продолжи да ги намалува каматните стапки

67

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека неговата влада ќе продолжи да ги намалува каматните стапки и покрај зголемената инфлација.

„Оваа влада нема да ги зголемува каматите. „Ќе продолжиме да ги намалуваме“, рече Ердоган во обраќањето во Анкара по состанокот на владата во неделата, пренесува Блумберг.

По неговата изјава, лирата нагло падна на дневна основа, за цели 0,9 отсто до блиску до 16,6 лири за долар. Турската валута поевтини за 19,8 отсто оваа година, што е најлош резултат меѓу валутите на економиите во развој кои ги следи њујоршката агенција.

Турската централна банка ја задржа референтната каматна стапка на 14 отсто од декември минатата година, иако инфлацијата на годишна основа се зголеми на 73,5 отсто во мај.