Турција ќе разговара со странски инвеститори за TANAP

21

TANAP

Турција и нејзините партнери од Трансанадолскиот гасовод TANAP ќе разговараат со една или две странски компании за можна соработка, рече турскиот министер за енергетика, Танер Јилдиз, пишува Хуријет.

Тој не ги откри имињата на компаниите што би биле вклучени во овој проект.

Британскиот нафтен гигант BP во март соопшти дека очекува да стане акционер во мултимилијардерскиот проект TANAP за два месеци, откако во 2013 година најави дека сака да има 12% удел во капиталот на овој гасовод.

Компанијата SOCAR од Азербејџан поседува 58% од акциите во капиталот на TANAP, со што сака да ја намали зависноста на Европа од рускиот гас, додека турската компанија BOTAŞ го зголеми својот удел од 30% наспроти 20% со кои располагаше во 2014 година.