Турција ќе вложи 3,5 милијарди долари во производство на паметни телефони и таблети

14

tr

Турскиот министер за економија, Нихат Зејбекчи најави мерки за поддршка на производството на високо-технолошки производи во Турција.

“Ќе почнеме да го намалуваме увозот на стоки кои можат да бидат произведени во Турција. Ќе воведеме регулативи за смартфоните, таблетите и електрични апарати за домаќинството”, изјави министерот и додаде дека Министерството за економија наскоро ќе издаде програма за стимулирање на извозот на високо-технолошки производи со буџет од 3,5 милијарди долари, пишува World bulletin.

Државата финансиски ќе ги поддржи националните компании кои сакаат да купат странски високо-технолошки компании, а проектите на локалните компании за производство на високо-технолошки производи ќе бидат поддржани во период до пет години.