Турција лани ја посетиле 51,4 милиони туристи остварен рекорден приход од 46,3 милијарди долари

58

Турција минатата година ја посетиле 51,4 милиони туристи и е остварен рекорден приход од 46,3 милијарди долари, соопшти Министерството за култура и туризам на Турција.

Како што се наведува, таа земја лани примила 51,4 милиони туристи, што е блиску до апсолутниот рекорд постигнат во 2019 година, кога изнесувал 51,8 милиони.

Со овие резултати Турција стана трет по големина туристички пазар во светот, јави Анадолија.

„До крајот на 2022 година, бројките за глобалниот туризам се опоравија за 65 отсто во споредба со времето пред пандемијата, но Турција речиси се врати на своите бројки пред пандемијата. Во 2022 година приходите од туризмот на Турција  достигнаa рекордни 46,3 милијарди долари, со зголемување од 19 отсто во споредба со 2019 година“, изјави министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој.

Министерот е убеден дека Турција во 2028 година ќе донесе 90 милиони туристи и ќе достигне 100 милијарди долари приход од туризмот, пренесува Танјуг.