Седум жени претприемачи беа наградени за својата работа на натпреварот Жени претприемачи на Турција, во организација на Garanti банка, Асоцијацијата на жени претприемачи на Турција (KAGİDER) и неделникот Ekonomist.
Сопственичката на Dress Best Uniforms, Рана Тулин Јазичи и Шуле Мене, сопственичка на Mene Research, ја освоија главната награда на церемонијата што се одржа на 12 октомври, пишува Хуријет.
Dress Best Uniforms е компанија што произведува униформи, главно за хотели и болници и освен во Турција, има филијали во Африка, Блискиот Исток и Европа. Mene Research е клинички истражувачки центар, кој има канцеларии во САД и Швајцарија, а врши истражувања и во Саудиска Арабија, Јоргад, Египет, Иран и Израел.
Ајтен Чол, сопственичка на фармата Kılçak и Зејнеп Арџа Шалил, сопственичка на винаријата Arcadia ја поделија наградата за жени претприемачи кои направиле промени во нивниот регион.
Награди добија и Асли Елиф Тануѓур (SBS Scientific Bio Solutions), Нардане Кушчу за проектот Narköy – органска фарма со хотел и Умије Кочак, основач на женската театарска група Arslanköy.
Наградите се доделуваат десетта година по ред, а пристигнати биле над 33.000 апликации.