Турција најави зголемување на минималната плата за 55 отсто

87

Турција најави зголемување на минималната плата за 55 отсто, во услови на криза на трошоците за живот што доведе милиони луѓе во финансиски тешкотии, ги загрози малите бизниси и остави многумина неспособни да си дозволат основни добра.
Овој потег има за цел да го ублажи влијанието на зголемените животни трошоци, но економистите стравуваат дека тоа дополнително ќе ја поттикне инфлацијата, која моментално е на највисоко ниво во последните 24 години и изнесува 84,4 проценти.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави  во телевизиско обраќање од Анкара дека месечната минимална плата ќе биде зголемена на 8.500 лири (455 долари), почнувајќи од 2023 година, пренесува CNBC.

Според турските власти, повеќе од 30 отсто од работната сила во Турција добива минимална плата.

Аналитичарите во таа земја велат дека на овој потег може да се гледа и од политичка перспектива, потсетувајќи дека општите избори во Турција треба да се одржат во јуни 2023 година, додаваат американските медиуми.

Стапката на инфлација во Турција забави во ноември за првпат по повеќе од 18 месеци, паѓајќи на 84,4 отсто на годишна основа од 85,5 отсто во октомври.