Турција најдобра европска дестинација за 2012

16

Турските градови и музеи освоија награди во 15 категории на World Travel Awards 2012, што потврдува дека оваа земја е на врвот на европскиот туризам.

Измир, и покрај огромната конкуренција од градови како што се Амстердам, Атина, Кан, Копенхаген, Дубровник, Лисабон, Осло, Рејкјавик, Санкт Петерсбург и Венеција, ја доби наградата “најдобра дестинација за крстарење во Европа”.

Музејот на мозаик Зеугма ја освои наградата за исклучителност, а Истанбул е избран за “центар што мора да се посети”. Меѓу конкурентите беа Њујорк, Стокхолм и Хонг Конг, а победата на Истанбул е опишана како “единствениот град на светот кој лежи на два континента, град кој годишно го посетуваат повеќе од осум милиони туристи – Истанбул, најголем европски град за пауза”.

Министерството за туризам на Турција е прогласено за најдобро министерство за туризам во Европа.