Обединетите нации го одобриле официјалното барање на Турција името на земјата на странските јазици да се промени во “Türkiye”, соопшти портпаролот на генералниот секретар на ОН, Стефан Дижарик за Aнадолија.
Стефан Дижарик за агенцијата Анадолија рекол дека генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш добил известување од турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу за преименувањето.
Според неговите зборови, промената на името на земјата стапува на сила од денот на приемот на писмото.
Агенцијата наведува дека од сега името “Türkiye” ќе се користи на сите меѓународни форуми и во официјални документи во кои претходно се користеле различни етноними.
Чавушоглу претходно на Твитер напишал дека Анкара поднела официјално барање до ОН за промена на името на земјата на странски јазици.
Објаснил дека таа промена е усвоена во рамките на чекорите на Анкара насочени на зголемување на престижот на земјата во меѓународната арена.