Турција основа авиокомпанија само за руски туристи

94

Турција ќе формира авиокомпанија за превоз на Руси во одморалиштата во земјата, која ќе се вика Southwind, („Јужен ветер“).

Компанијата ќе почне со работа на крајот на мај, објави информативниот портал Airporthaber. Воздушната флота се состои од пет авиони Ербас, a седиштето на компанијата е во Анталија.

Како што е соопштено, турската управа за цивилно воздухопловство веќе го одобрила барањето за нејзино формирање. Управата вети дека ќе го разгледа барањето што е можно поскоро.

Според проценките на турските власти, само оваа година услугите на новиот превозник ќе ги користат околу милион руски граѓани.