Турција оствари рекорден извоз од 22,7 милијарди долари

85

Република Турција во март оствари извоз од рекордни 22,7 милијарди долари, што е за 19,8 отсто повеќе во однос на истиот период минатата година, јавува Anadolu Agency (AA).
Турскиот министер за трговија Мехмет Мус рече дека тоа е највисокиот извоз на земјата досега во март.

Тој рече дека Турција исто така остварила 30,9 милијарди долари увоз во март, од кои 8,4 милијарди долари се увоз на енергија.

„Увозот на енергија во март е зголемен за 156 отсто во однос на истиот период лани поради наглото зголемување на цените на енергијата во последниот период“, рече Мус.