Турција оствари рекорден месечен извоз – 23,4 милијарди долари

74

Турскиот министер за трговија Мехмет Муш  изјави дека извозот на Турција во јуни се зголемил за 18,5 отсто во споредба со истиот период минатата година.

Тој, како што прецизираше, е зголемен на 23,4 милијарди долари, јавува агенцијата Анадолија (АА).

Тој изјави дека Турција во првите шест месеци од 2022 година го продолжи извозниот успех што го постигна во 2021 година.

„Во јуни нашиот извоз се зголеми за 18,5 отсто во однос на истиот месец од претходната година и достигна 23,4 милијарди долари. Со задоволство можам да констатирам дека ова е највисокиот месечен извоз на сите времиња. Во сите први шест месеци од 2022 година постигнавме највисока месечна вредност на извозот,  Во првите шест месеци од годинава нашата земја извезла вкупно 126 милијарди долари“, објасни Мус.

Истакнувајќи дека увозот во јуни изнесува 31,6 милијарди долари, Мус рече: „Енергијата зазема важно место во нашиот увоз овој месец, со 8,1 милијарди долари“.