Турција откри нови резерви на гас – 135 милијарди кубни метри

57

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган соопшти дека бродот за сондажни истражувања Фатих во Црното море откри нови резерви од 135 милијарди кубни метри природен гас, јавува агенција Анадолија.

“Резервите на природен гас кои досега ги откривме во Црното море изнесуваат вкупно 540 милијарди кубни метри, а нашите тимови го продолжуваат истражувањето”, рече Ердоган и додаде дека од истражувачите од Црното море се очекуваат нови добри вести.

Турција планира во три фази да го извлекува природниот гас од Црнто море на копно, а првата етапа е изградба на производни капацитети на дното на морето.

Турција минатата година во Црно море отрки резерви на природен гас од 405 милијарди кубни метри, што беше најголем пронајдок на плин минатата година во светот. Производството на плинот од Црното море во Турција се очекува во 2023 година.

Фото: Pixabay