Турција почна да плаќа руски гас во рубљи

67

Турција почна да плаќа дел од руските испораки на природен гас во рубљи, изјави во вторникот министерот за енергетика Фатих Донмез и најави конкретни планови за спроведување на рускиот предлог Турција да стане база за снабдување на Европа со руски гас.
Во наредните месеци ќе биде зголемено учеството на плаќањата во локална валута во енергетската трговија со Русија, изјави министерот Донмез во интервју за ТРТ Хабер.

Анкара и Москва се договорија да го платат гасот во рубљи во септември.

Повеќето меѓународни енергетски договори се решаваат во долари или евра, а Русија е под санкции од западните земји поради инвазијата на Украина, па затоа на многу клиенти им сугерира енергијата да ја плаќаат во рубљи.

Турција, од друга страна, се обидува да ја поттикне трговијата со лири за да ја поддржи домашната валута. Турската централна банка ги намалува каматните стапки и покрај високата инфлација.