Турција постигна најголем месечен извоз на сите времиња

110

Турскиот министер за трговија Мехмет Муш рече дека извозот достигна 23,4 милијарди американски долари во април, што е за 24,6 отсто повеќе од истиот месец минатата година.

„Оваа бројка е највисокиот остварен месечен извоз на сите времиња“, рече Мехмет Муш.

Министерот Муш  ги објави податоците за надворешнотрговската размена за април.

Посочувајќи дека Турција продолжи да се претставува добро во првите четири месеци од 2022 година по големиот успех во извозот во 2021 година, Муш рече:

„Во април нашиот извоз е зголемен за 24,6 отсто во однос на истиот месец лани и достигна 23,4 милијарди долари. Ова е најголемиот месечен извоз на сите времиња. Во првите три месеци од 2022 година објавивме највисоки месечни бројки“, рече министерот.

Муш истакна дека целосно верува дека силните перформанси ќе продолжат и во 2022 година и дека ќе бидат поставени нови рекорди во извозот.