Турција распиша тендер за приватизација на две централи

3

centrali

Турската агенција за приватизација распиша тендер за приватизација на една комбинирана и една гасна централа во земјата, пишува Хуријет.

Комбинирана централа е сместена во Измир, додека гасната во Бурса. За првата централа тендерот ќе се заокружи на први, додека за гасната централа на 15-ти октомври. Вредноста на понудите е 10, односно 15 милиони долари.

Турција планира да приватизира вкупно 29 хидроцентрали и гасно електрани. Се очекува процесот на приватизација да заврши до 2020 година.