Турција развива национален автомобил со Saab

73

saab 9-3

Министерот за индустрија, технологија и наука на Турција, Фикри Ишик, најави дека неговата земја ги купи сите права за интелектуална сопственост на автомобилот Saab 9-3, пишува Хуријет.

“Ние ги откупивме правата за интелектуална сопственост на Saab 9-3. Овој бренд ќе биде турски и нема да го носи името Saab. Целосната технологија ќе ја развиеме во Турција“, изјави Ишик, додавајќи дека најмалку 85% од автомобилските делови од ова возило ќе се произведуваат во Турција.

Извршниот директор на Saab, Матијас Бергман, потврди дека неговата компанија и турските власти развиваат заеднички проект по состанокот во Шведска на 16-ти октомври.