Турција рекордер по бројот на банкарски картички во Европа

86

kreditni karticki vo paricnik

Бројот на банкарски картички во Турција во текот на минатата година достигна 171 милиони, што е за 15% повеќе во однос на претходната година. Со ова Турција е најголемиот пазар на банкарски картички во Европа, пишува Хуријет.

“Бројот на плаќања преку картички се зголеми за 15% во 2015 година во однос на претходната година. Забележан е пораст од 14% на плаќања со кредитните и 28% со дебитните картички“, вели Сонер Цанко, генерален менаџер на Интербанкарскиот систем за картички на Турција.

Вкупно пет милијарди банкарски трансакции преку картички се направени во текот на 2015 година. Уделот на плаќањата со картички се зголеми од 28% на 39% во последните пет години.

Најголемиот број на дневни трансакции – 10,6 милиони, се направени на 16-ти јули.