Турската влада ги започна подготовките за уште еден голем бран приватизации, фокусирајќи се на националната инфраструктура, рече турскиот министер за финансии Мехмет Шимшек, пренесува Хјуриет.
Секторите што ќе се приватизираат се однесуваат на фирми што стопанисуваат со автопати, мостови, електрани, пристаништа, како и државното осигурување и зимскиот ресорт Ерзурум на краток рок.
Тамошната влада планира да се повлече од повеќе сектори во следниот период со цел да му го предаде менаџментот на приватниот сектор, кој ќе работи поефикасно и попродуктивно.
“Нашата цел е да се задржи продуктивноста на операциите, да се креираат повеќе работни места и градење на конкурентна средина, што ќе резултира со бенефит за сите“, вели Шимшек.
Во последните години, турската влада приватизираше повеќе компании од нафтената, металната, тутунската, како и од индустријата за производство на алкохол, челик и електрична енергија, намалувајќи го својот удел.
Од 1986 година Турција инкасираше околу 70 милијарди долари од приватизирање на државни компании.