Турција успешно го тестираше првиот летечки автомобил

98

Првото автономно летечко возило од Турција, наречено Cezeri, успешно е тестирано во Истанбул, соопшти произведувачот Baykar, пренесува агенцијата Анадолија.

За дизајнот и производството се заслужни турски инженери, а Cezeri во текот на пробниот лет на прототипот тежок 230 килограми, летал на висина од 10 метри, соопшти Baykar.

“Во наредната фаза само ќе направиме понапредни прототипи и ќе вршиме летови со учество на возачи“, изјави Селџук Бајрактар, еден од раководителите на компанијата.

Тој наведе дека ќе бидат потребни од 10 до 15 години Cezeri да се најде во градскиот сообраќај, а за три до четири години ќе може да се користи рекреативно во рурални средини.

Cezeri беше претставен минатиот септември на саемот за технологија и авијација Текнофест, што се одржа во Истанбул.

Автомобилот го носи името на Исмаил ал-Џазари, познат инженер и научник од 12 век.