Турција забележа најголем мајски извоз на сите времиња

129

Турскиот министер за трговија, Мехмет Муш, соопшти дека Турција остварила раст на извозот во мај за 15,2 отсто во однос на извозот истиот месец минатата година, достигнувајќи 19 милијарди долари, најголемиот извоз на Турција на сите времиња за месец мај, јавува Агенција Анадолија (АА).

Ресорниот министер Муш во Анкара, заедно со челникот на Собранието на турски извозници (ТИМ) Исмаил Ѓуле ги презентираше податоците за надворешната трговија на Турција за месец мај.

Истакнувајќи дека Турција постигнала голем успех во извозот во 2021 година, Муш рече:

„Нашата земја го задржа силниот извозен учинок во првите пет месеци од 2022 година. Во мај извозот е зголемен за 15,2 отсто во однос на истиот месец претходната година и достигна 19 милијарди долари. Ова е најголемиот мајски извоз на сите времиња. Така, во првите пет месеци соборивме рекорди постигнувајќи ги највисоките месечни вредности на извозот во сите први пет месеци од 2022 година.“

Муш додаде дека обемот на надворешнотрговската размена во месец мај е зголемен за 31,1 отсто во однос на претходната година, изнесувајќи 48,6 милијарди долари, додека увозот во мај изнесувал 29,6 милијарди долари.