Турција започна со производство на националната подморница STM500

99

Челникот на Дирекцијата за одбранбена индустрија на Турција (ССБ), Исмаил Демир, изјави дека производството на подморницата СТМ500, која е целосно дизајнирана од турски инженери благодарение на националните ресурси, започнува со пробно производство на издржливо пловило, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Демир на својот твитер-профил ги сподели најновите информации за проектот за турската национална подморница.

Тој истакна дека подморницата СТМ500 ќе биде изградена со напредни и модерни борбени системи.

„Историски чекор во нашиот национален проект за подморници. Започнуваме со производство на подморницата СТМ500, проектирана од турски инженери со национални ресурси, со пробно производство на издржливо пловило. СТМ500 е дизајнирана да може да се користи на отворено море, но и во плитки води“, рече Демир.