Турција започнува со сериско производство на респиратори

108

Министерот за здравство на Република Турција, Фахретин Коџа рече дека земјата започнува со сериско производство на респиратори потребни за лекување на лица заразени со коронавирус. Тој истакна дека Турција се стекнала со сериозно искуство во борбата против ширењето на вирусот корона и дека може брзо да предвидува како ќе се развива ситуацијата.

“Сакаме да имаме што е можно помала загуба во оваа пандемија што го погоди целиот свет. Ние се грижиме да ги спроведуваме тестовите брзо, да ги изолираме заразените и да започнеме со нивна терапија и третман“, рече Коџа. 

Посочувајќи дека многу заразени лица во Турција се опоравуваат, Коџа рече дека во наредните денови ќе биде објавена бројката на луѓето што излечиле.

“Добивме добри лекови од Кина и почнавме да ги применуваме на пациенти во интензивна нега“, рече Коџа.

Како последица од заразата во Турција починале повозрасни личности, а меѓу заразените има и медицински персонал. Во Турција се заразени над 1.200 лица, а починале 30.

Фото: Pexels