Турците и НИС бараат нафта и гас во Анадолија

Нафтена индустрија Србија (НИС) е ангажирана во 2Д сеизмички проекти во Турција, кои се користат за откривање на нови резерви на нафта и гас.

Тоа се гледа од тендерот кој истече вчера (важеше само еден ден), преку кој НИС Нафтагас Нафтни сервиси доо, како дел од Српската нафтена индустрија која се занимава со услуги поврзани со дупчење нафта и гас, бара извршител за обезбедување бунари и опрема за дупчење за потребите на 2Д сеизмички проекти на 4 локации (во азискиот дел) на Турција: Нусајбин, Букат, Дамлача и Низип.

Инвеститор на проектот е турската национална нафтена компанија TPAO (Turkiie Petroleri Anonim Ortaklıgı), а планирани се вкупно 25.477 бунари и дополнителни 20-100 пробни бунари.

Да потсетиме дека Турција неодамна откри 540 милијарди кубни метри гас и 60 милиони барели нафта под Црното Море