Управниот суд на Анкара наложи да се укине контроверзната одлука на турската влада за блокирање на пристапот на Twitter во државата, објави Ројтерс.
Судот и наложи на Управата за врски и телекомуникации (TIB) да го деблокира пристапот до сервисот на Twitter на Интернет, кој беше блокиран откако преку таа социјална мрежа беше дистрибуирана снимка која имплицираше вмешаност на премиерот Реџеп Таип Ердоган во корупциски скандал.
Деблокирањето на Twitter се очекува во текот на денешниот ден, откако предизвика локални и меѓународни критики. На тој начин судот ја уважи тужбата на турското здружение на адвокати од 20 март. Во одлуката на судот се наведува дека блокирањето противречи на принципите на правната држава.
TBI може да поднесе жалба на донесената судска одлука, но во меѓувреме мора да ја почитува и да овозможи пристап на Twitter.